Ракомет Спорт

Еурофарм Пелистер убедлив против Алкалоид за прво место на табелата

Еурофарм Пелистер го совлада Алкалоид со 33-20 во дербито на 19.коло во ракометната Супер лига. Со овој убедлив триумф битолчани се на добар пат да пренесат три бодови во плеј-офот доколку останат перфектни и во последните три кола од регуларниот дел од сезоната.

На актуелниот шампион му беше потребен убедлив триумф од над осум голови разлика за да го прескокне Алкалоид на табелата и момците на тренерот Раул Алонсо го направија токму тоа. Битолчани беа доминантни во сите 60 минути од средбата во салата „Боро Чурлевски“. Иако на полувремето Алкалоид имаше активен резултат од 16-11, играта на скопјани целосно се распадна во вториот дел.

Голманот Никола Митревски врза четири одбрани во серија, па Пелистер се одвои со двоцифрена предност по 43 минути игра или 25-14. До крајот, гостите немаа решение во нападот ниту во одбраната, па „зелено-белите“ ја полнеа мрежата на Кизиќ и Галевски, а на крајот триумфираа со 33-20.

Филип Кузмановски со 11 голови беше најефикасен кај Еурофарм Пелистер, а Митревски имаше 12 интервенции. Кај Алкалоид најдобар во нападот беше Мартин Серафимов со осум голови.

Со оглед на конкуренцијата и фактот дека се одиграа сите дерби средби, со оваа победа шампионот го запечати првото место на табелата. Тоа значи дека во плеј-офот ќе пренесе три бодови, додека Алкалоид и Вардар по два бода.

До крајот на регуларниот дел од сезоната има уште три кола.

Фото: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Шпанија фуриозно против Саудиска Арабија за прва победа на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе