Македонската кошаркарска репрезентација денеска од 18:30 часот против Полска во „Кале“ го игра последниот натпревар во квалификациите за Европското првенство што ќе се одржи годинава. Дуелот нема резултатско значење, бидејќи Македонија уште во петокот ги загуби сите шанси за пласман на Евробаскетот.
Убедливиот пораз во Талин од Естонија со 84-65 пред три дена ја остави нашата репрезентација без пласман на турнирот. Македонија досега во евроквалификациите во рамки на групата Х оствари само една победа и тоа против вечерашниот ривал Полска на гостински терен со 71-96.
Потоа следуваа четири порази по ред, по два од Литванија и Естонија, кои веќе обезбедија место на Евробаскетот. Таму ќе игра и Полска, бидејќи е еден од ко-домаќините на континенталниот турнир.
Без разлика што вечерашниот дуел нема резултатско значење, Македонија ќе сака со победа да ги заокружи квалификациите. Нашите евролигашки играчи Ненад Димитријевиќ и Ти Џеј Шортс останаа со националниот тим и вечерва се очекува да играат, но со лимитирана минутажа.
Селекторот Александар Јончевски направи една промена во составот и во комбинација се враќа Теодор Симиќ, кој ќе го земе местото на Страхил Николов.
Нашата кошаркарска репрезентација последен пат играше на едно Европско првенство во 2015 година. Сега нашата следна шанса за враќање на континенталните турнири е Евробаскетот до 2029 година.
Фото: кфсм.мк
КОШАРКА КВАЛИФИКАЦИИ ЕП 2025
6.КОЛО
ГРУПА А
ИЗРАЕЛ – СЛОВЕНИЈА
ПОРТУГАЛИЈА – УКРАИНА
ГРУПА Е
КИПАР – ХРВАТСКА
ФРАНЦИЈА – БИХ
ГРУПА Ф
В. БРИТАНИЈА – ЧЕШКА
ГРЦИЈА – ХОЛАНДИЈА
ГРУПА Г
ДАНСКА – ФИНСКА
СРБИЈА – ГРУЗИЈА
ГРУПА Х
ЛИТВАНИЈА – ЕСТОНИЈА
МАКЕДОНИЈА – ПОЛСКА