Кошарка Спорт

Постот без Евробаскет продолжува: Македонија убедливо загуби во Талин (ВИДЕО)

Македонската кошаркарска репрезентација загуби убедливо од Естонија со 84-65 и остана без шанси за пласман на Европското првенство што ќе се одржи годинава. Ни беше потребна победа од повеќе од шест поени во Талин за да ги задржиме шансите за континенталниот турнир. Во понеделник ја пречекуваме Полска во последното коло во натпревар што нема резултатско значење. Нашиот кошаркарски тим последен пат играше на едно Европско првенство во 2015 година.

Македонија даде достоен отпор во првото полувреме по кое имавме и минимална предност од 38-39 на паузата. Но, во вториот дел Ненад Димитријевиќ и Ти Џеј Шортс не можеа сами да го водат тимот, па Естонците со агресивна одбрана на нашите ѕвезди го неутрализираше македонскиот напад. Со оглед на фактот дека бевме сериозно ослабени под кошевите без ниту еден класичен центар, домашната репрезентација доминираше во скок играта. На крајот Естонците се радуваа на убедлив триумф од 84-65.

Шортс со 21 поен беше најефикасен во таборот на Македонија, Димитријевиќ имаше еден поен помалку, а добар натпревар одигра Андреј Маслинко со 15 поени.

Литванија славеше убедливо на гостувањето во Полска со 48-82 во рамки на вториот дуел од групата Х. Литванија и Естонија со ефект од 4 победи и еден пораз обезбедија место на Евробаскетот, како и Полска, која е еден од ко-домаќините на турнирот без разлика што има ист ефект како Македонија од 1-4.

Во понеделник од 18:30 часот во салата „Кале“, Македонија ја пречекува Полска во последниот натпревар од евроквалификациите кој е без резултатско значење.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алкалоид ги распродаде картите за финалето со АЕК: Гостите доаѓаат со свои навивачи

Дејан Дејан

Тренерот и директорот на ФК Кожув суспендирани на две години од фудбалот

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед и Тотнем во битка за Лигата на Европа и „виза“ за Лига на шампиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе