Кошарка Спорт

Јута им се одмазди на Лејкерс, Џамал Мареј со натпревар на кариерата за Денвер (ВИДЕО)

Во НБА-лигата утринава на програмата беа дури 15 натпревари. Лос Анџелес лејкерс загубија на гостувањето кај Јута со 131-119 и ја прекинаа низата од шест победи по ред. Клучна беше третата четвртина во која Џез направија серија од 22-2. Лаури Марканен ги водеше домашните со 32 поени, а кај Лејкерс, Руи Хашимура со 19 поени беше најефикасен, Леброн Џејмс постигна 18, а Лука Дончиќ имаше 16.

Џамал Мареј постигна рекордни во својата кариера 55 поени, а Никола Јокиќ го запиша 25-тиот сезонски трипл-дабл, па Денвер го победи Портланд со 132-121 за осми триумф во низа. Српскиот центар реализираше 26 поени, 15 скока и 10 асистенции.

Далас го совлада Голден Стејт со 111-107 благодарение на Кајри Ирвинг, кој постигна 42 поени за Маверикс. Оклахома го победи Мајами со 115-101, Кливленд немаше проблеми против Торонто и славеше со 131-108.

Карл Ентони Таунс постигна 44 поени со 10 скока во победата на Њујорк против Атланта од 149-148 по едно продолжение, а победи остварија и шампионот Бостон, Орландо, Индијана, Детроит, Милвоки, Сакраменто, Хјустон и ЛА Клиперс.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе