Спорт Фудбал

ФОТО галерија: Португалија пресилна за футсал селекцијата на Македонија

Во меч од квалификациите за Европското првенство, футсал репрезентацијата на Македонија е поразена од Португалија со 5:1.

Нашата репрезентација добро го отвори мечот со фаворизираниот противник и во деветтата минута со голот на Јакуб Рамадан поведе со 1:0.

Само две минути подоцна Диого Сантош со прекрасен погодок израмни на 1:1, а до крајот на првото полувреме со головите на Жоао Матош и Хуго Невеш, гостите стигнаа до предност од 3:1.

Во продолжението Португалија постигна уште два гола и тоа преку Хуго Невеш и Пани Варела за триумф од 5:1.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе