Македонската ракометна репрезентација денеска се подготвува за утрешната пресметка со Катар во рамки на втората рунда од главната фаза на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка. Натпреварот се игра во Вараждин со почеток од 15:30 часот.
Вчера во тежок и исцрпувачки натпревар ремизиравме 29-29 со Австрија во рамки на групата 2, па на контотото сега имаме два бода. Нашиот тим имаше проблеми со болни играчи, па надвор од стројот беше Томислав Јагуриновски, а со температура играа голманот Никола Митревски и Ненад Костески. Стручниот штаб се надева дека до утре сите играчи ќе бидат целосно фит да го дадат максимумот против тимот предводен од Веселин Вујовиќ, кој вчера прикажа одлична игра против фаворизираната Холандија.
Фаворитот Франција останува лидер на табелата со максимален ефект од 6 бодови, откако вчера лесно ја преслуша Унгарија со 37-30. Холандија е втора со четири бодови по победата од 38-37 против Катар и тоа со гол во последната секунда. Потоа следуваат Унгарија и Австрија со по три бода, Македонија е петта со два, а Катар е последен без бодови.
Денеска на програмата се натпреварите од првата рунда од главната фаза во групите 3 и 4.
РАКОМЕТ СП 2025
ГРУПА 3 (1.КОЛО)
БРАЗИЛ – ЧИЛЕ (15:30 ЧАСОТ)
ШВЕДСКА – ПОРТУГАЛИЈА (18 ЧАСОТ)
НОРВЕШКА – ШПАНИЈА (20:30 ЧАСОТ)
ГРУПА 4 (1.КОЛО)
СЛОВЕНИЈА – АРГЕНТИНА (15:30 ЧАСОТ)
ЗЕЛЕНОРТСКИ О. – ХРВАТСКА (18 ЧАСОТ)
ЕГИПЕТ – ИСЛАНД (20:30 ЧАСОТ)