Барселона синоќа направи епски пресврт и победи со 5-4 на гостувањето кај Бенфика, а Ливерпул остана перфектен и по седум натпревари. Во фудбалската Лига на шампиони вечерва нови девет натпревари.
Дербито се игра во Париз, каде ПСЖ го пречекува Манчестер сити. Ова е натпревар да се биде или не за двете екипи, бидејќи поразениот тим речиси ќе биде елиминиран од шансите да се пласира во плеј-офот односно до 24.место на табелата.
Сити моментално е го окупира последното место кое води во нокаут-фазата со осум бодови, а ПСЖ има бод помалку на 26-тото место. Затоа овој натпревар е да се биде или не за двете екипи, со оглед на фактот дека е претпоследното лигашко коло.
ФУДБАЛ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
7.коло
(18:45 часот)
Лајпциг – Спортинг Л.
Шахтер Д. – Брест
(21 часот)
ПСЖ – Манчестер Сити
Милан – Џирона
Реал Мадрид – Салцбург
Спарта П. – Интер
Арсенал – Динамо З.
Феенорд – Баерн Минхен
Селтик – Јанг Бојс