Наутро студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје, наутро со услови за појава на магла, а во текот на денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Информација од ова утро 28.12.2024
Минимална температура (во °C)
-7 Попова Шапка, -5 Крушево, -4 Маврови Анови, -3 Берово, -2 Скопје-Петровец, Штип, Виница, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Струмица, Тетово, Крива Паланка, Охрид, 0 Демир Капија, Претор, Прилеп, 1 Кавадарци, Велес, 2 Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
5 Тополчани, 4 Пожар, 1 Крива Паланка.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
59 Маврови Анови, 54 Попова Шапка, 24 Крушево, 2 Тетово.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]