Временска прогноза

Променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд – Временска прогноза за 14.12.2024

Променливо облачно, наутро со услови за магла или ниска облачност по котлините. Од пладневните часови особено во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините особено во западните делови од снег. Повремени врнежи ќе има и преку ноќта. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец.

Во Скопје умерено до значително облачно од пладневните часови со услови за краткотарен дожд во делови од котлината. Ќе преовладува претежно тивко време.

Информација од ова утро 13.12.2024

Минимална температура (во °C)

-4 Попова Шапка, -3 Крива Паланка, Маврови Анови, -2 Претор, Берово, Крушево, -1 Охрид, Виница, Струмица, 2 Тетово, Прилеп, Куманово, 3 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Штип, Дебар, 4 Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци, Демир Капија, 5 Гевгелија.

  Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

39 Попова Шапка, 28 Маврови Анови, 5 Крушево.

Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР

e-mail: [email protected]

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Облачно и свежо со повремени врнежи од дожд – Временска прогноза за 16.5.2025

Дејан Дејан

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дестабилизација – Временска прогноза за 15.5.2025

Дејан Дејан

Преодна стабилизација – Временска прогноза за 14.5.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе