Утрото ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку денот претежно сончево со слаб ветер од променлив правец.
Во Скопје наутро студено, во делови од котлината со услови за појава на магла, а преку денот сончево и тивко.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -12 до -4°C, а максималната од 5 до 14°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-10 Берово, -8 Попова Шапка, -7 Крива Паланка, Битола, Маврови Анови, -6 Скопје-Петровец, Крушево, Тетово, Прилеп, -5 Велес, Демир Капија, Охрид, Претор, -4 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Струмица, Виница, Куманово, -3 Кавадарци, 1 Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м²)
< 1 Битола, Маврови Анови, Крушево, Тополчани.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 11.0, Преспанско Езеро 10.0, Дојранско Езеро 9.5.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/