Вести Временска прогноза

Утрото студено со услови за магла по котлините, преку ден сончево – Временска прогноза за 9.11.2024

Наутро студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и претежно тивко.

Во Скопје наутро ќе има услови за појава на слаба магла. Преку денот сончево со мала локална облачност и тивко.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -5 до 3°C, а максималната од 13 до 20°C.

Агропрогноза:

Овие временски услови со подолго отсуство на врнежи, ќе резултира со намалување на влагата во почвата, која може да влијае негативно кај сите земјоделски култури. Секоја култура во различни фази од својот развој има потреба од вода. Кај овошните видови, овој период почетокот на ноември, е најдобро време за садење на садници. При есенското и зимско садење, потребно е садницата да се загрнува со 30 сm почва за заштита на корењата од мраз. Големо внимание треба да се обрати и на здравствената состојба на посадочниот материјал, особено да не е заразен од карантински болести и штетници. Треба да бидат добро развиени, здрави, квалитетни садници од бараните сорти и подлоги.

Додека пак кај некои доцни сорти на овошни видови како што се дуњите, јапонското јаболко и калинката во овој период од годината, се наоѓат во фаза на берба на плодовите. Овошните култури имаат потреба од вода и по бербата наесен, заради кондиционирање и презимување без оштетувања од ниски температури и заради формирање на родни пупки за идната година. За постигнување на висок и квалитетен принос, низ цела вегетација, почвата треба да има доволно количество на лесно достапна вода. Кај останатите култури да се продолжи со потребните агротехнички мерки, наводнување, снабденост на културите со потребните количества на хранливи материи, со што се зголемува отпорноста спрема зимски мразеви, примена на сертифициран семенски материјал со добри квалитетни сортни карактеристики и добра здравствена состојба, употреба на квалитетно ѓубриво и други мерки.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-8 Берово, -5 Битола, -4 Струмица, -3 Демир Капија, -2 Тетово, Скопје-Петровец, Велес, Гевгелија, -1 Куманово, Штип, Прилеп, 0 Крива Паланка, Маврови Анови, Кавадарци, 1 Скопје-Зајчев Рид, Претор, 2 Охрид, Попова Шапка,  3 Виница, 4 Крушево.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 12.0, Преспанско Езеро 11.5, Дојранско Езеро 16.2.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседатлеката нема да предлага челн на судски додека не се донесе новиот закон

Дејан Дејан

За „шетање“ затвореници на приватни собири- поднесено обвинение против Филип Андов -Сокол, екс директор на затворот Шутка и 7 затворски чувари и надзорници

Дејан Дејан

Колку ќе го чини МЕПСО раскинувањето на договорот за енергетското поврзување со Албанија?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе