Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 1 до 8°C, а максималната од 18 до 24°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
0 Берово, 3 Битола, 4 Маврови Анови, 5 Струмица, 6 Скопје-Петровец, Прилеп, Штип, Попова Шапка, 7 Охрид, Крива Паланка, Тетово, Демир Капија, Крушево, 8 Виница, Пожаране, 9 Скопје-Зајчев Рид, 10 Велес, Кавадарци, 11 Гевгелија.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 15.0, Преспанско Езеро 13.0, Дојранско Езеро 18.4.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/