Јаник Синер го освои мастерс тенискиот турнир во Шангај откако во големото финале денеска го совлада Новак Ѓоковиќ во два сета.
Италијанскиот тенисер до седмата сезонска титула дојде со доминантна претстава против Србинот и славеше со 7-6 и 6-3 за трета победа по ред на АТП турнејата. Ѓоковиќ кој ја бараше својата 100-та АТП-титула во кариерата не можеше против одличниот сервис на ривалот и остана не четири трофеи во Шангај.
Синер уште по победата во полуфиналето го обезбеди првото место на АТП-листата до крајот на оваа 2024 година.