Вести Македонија

Врховен суд не го враќа обвинението за Талир

Врховен не го враќа обвинението за Талир за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Судењето кое чека по петти пат да почне од почеток во Кривичниот суд ќе продоли со истото обвинение и бомбите како докази.

Републичката обвинителка Анита Топалова Исајловска бараше да падне обвинението за „Талир“ затоа што  било поднесено во ноември 2018 година, а овинителите на СЈО имале рок тоа да го сторат до 30 ти јуни 2017 година. Таа ги проблематизираше и доказите од прислушуваните разговори и бараше врховните судии да му укажат на основниот суд.

Врховен суд го одби барањето на републичката обвинителка Анита Топалова Исајловска да го укине обвинението за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ . Не ги прифатиле нејзините аргументи дека обвинението за Талир е поднесено од неовластен тужител и спротивно на неколку закони.

Претпладнево обвинителката Топалова Исајловска  пред врховните судии објансуваше зошто ја спори одлуката на Кривичен стара шест години, со која е потврдено обвинението. Смета дека судот требало да го одбие обивнението , затоа што било поднеснео од неовластен тужител, по рокот од 18 месеци од преземање на прислушуваните разговор , согласно тогашниот закон за СЈО.

Дополнително таа смета дека 106 снимки од прислушуваните разговори не треба да бидат докази, затоа што Законот за јавно обвинителство предвидел да бидат само инидиции за обвиненијата поднеснеи по 30 ти јуни 2017 година, а обвинението за Талир е подесено во ноември 2018.

Сепак овој закон е донесен во 2020 година, па дел судиите низ прашање  ја потсетија дека  процесните закони не важат ретроактивно и дека не можат на основниот суд да му забележат што не применил закон кој тогаш не постоел.

Таа одговори дека ако хипотетики, врховните судии го прифатат нејзиното барање  по првиот основ дека е истечен рокот и го укинат предметот,  кривчниот суд потоа ќе треба да го примени поблагиот закон за обвинетите и снимките да не се користат како докази.

Покрај Никола Груевски,  во овој предмет обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Илија Димовски, Леко Ристовски и ВМРО-ДПМНЕ. Првото рочиште беше во феруари 2019 година. Но и по повеќе од пет години предметот се уште не дошол до првостепената пресуда. Пет пати се враќа на почеток поради промена на судии, пензиониран поротник или истек на законскиот рок од 90 дена без одржано рочиште. Со измените на КЗ застарува во 2026 година.

Елена Ивановска Мукоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе