Променливо облачно со повремено поројни врнежи од дожд кои ќе се повлекуваат на исток и проследени со грмежи. Ветерот ќе се промени од југозападен кон северозападен.
Во Скопје променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер.
Информација од ова утро 5.10.2024 :
Минимална температура (во °C)
10 Попова Шапка, 11 Берово, 13 Струмица, Лазарополе, Крива Паланка, 14 Тетово, Прилеп, Крушево, Маврови Анови, 15 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Битола, 16 Гевгелија, Претор, 17 Куманово, 18 Скопје-Петровец, Виница, 19 Велес, Дебар, 20 Штип, Охрид, Демир Капија.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]
