Вести Економија Најважни

Граѓаните чекаат поевтини производи, власта и опозицијата се препукуваат со „весела математика“

Власта и опозицијата ја продолжуваат битката со бројки кој повеќе сторил за граѓаните, чија кошница била со повеќе продукти и кога просечната плата растела или стагнирала а граѓаните во исчекување на стартот на мерката „есенска потрошувачка кошница“ продолжуваат да ги плаќаат високите цени на сезонското овошје и зеленчук и на основните прехранбени продукти.

Опозициската СДСМ денес обвини дека ВМРО – ДПМНЕ води погрешни економски политики и затоа според податоците на Државниот завод за статистика во јули споредено со јуни оваа година има пад на просечната плата од илјада денари.

Од владејачката ВМРО – ДПМНЕ пак одговорија дека во периодот кога СДСМ ја водел државата сите држави во регионот имале поголем раст на БДП а реалната плата во Македонија имала пад.

„Додека Македонија имаше раст на БДП по глава на жител во период од 2017 до 2022 од само 20%, во Србија растот е 50%. А за истиот период во Бугарија по глава на жител БДП се зголемил за 64%. Повеќе од двојно поголем раст од Македонија има и Албанија, каде по глава на жител во периодот од 2017 до 2022 година БДП пораснал за 52%. Во 2017 Македонија има поголем БДП по глава на жител и од Албанија и од БИХ, сега и двете земји кои беа зад нас не поминаа“

Кога станува збор за есенската потрошувачка кошница која ќе стапи на сила следната недела и ќе трае до крајот на октомври а содржи 73 производи двете најголеми партии со дијаметрално спротивни ставови околу мерката за замрзнување на маржата.

За најголемата опозициската партија СДСМ мерката е задоцнета и нема да има ефект врз стандардот на граѓаните, Владата и премиерот ги обвинија за калкулантска политика и „мачкање очи“  и нагласија дека додека тие ја водеа државата мерките опфатиле над 500 производи.

Премиерот Мицкоски пак кажа дека есенска кошничка е таргетирана  и е составена по анкета со  граѓаните и во неа се производи кои што најмногу се користат во овој период за разлика од неговите претходници кои ограничувале цени на луксузни производи кои само малкумина можеле да ги приуштат. Повтори дека вакви кошници ќе има и за верските празници Божиќ, Рамазан и Велигден.

Од коалицијата „Вреди“ потенцираа дека со оваа мерка ќе се намалат трошоците за живот а продуктите ќе бидат достапни за сите граѓани.

За една недела на сила треба да стапи и Законот за забрана на нефер трговски практики кој предвидува  рабатот и дополнителните трошоци на земјоделски и прехранбени производи во трговија на мало и на големо да се ограничат на 10 проценти.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Температури над 40 степени – Западна Европа гори под „топлотната купола“, расте бројот на смртни случаи

Дејан Дејан

Започна иденфикацијата на жртвите од земјотресот во Венецуела – бројот на загинати надмина 1.430 луѓе

Дејан Дејан

Возеле во спротивен правец на автопатот Гостивар-Тетово – двајца приведени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе