Вести Економија Македонија

Мерката за ограничување на маржата на десет отсто е корисна, но краткотрајна, оценуваат од организација на потрошувачи

Организација на потрошувачи на Македонија не е вклучена во дискусијата за правењето на кошничките, со кои ќе се намалуваат цените на производите. Во новата мерка на Владата, во есенската кошничка предвидено е намалување на маржата на 10 отсто на сто производи и според претседателката на Организација, Маријана Лончар Велкова оваа мерка е корисна, но кракторајна.

Што се однесува за Законските измени за брзите кредити, ставот на Организација на потрошувачи е дека тие се добри, а единствена забелешка им била што доцна биле донесени Правилниците.

Во изминатите години граѓаните беа оштетени при земање на брзи кредити од одредени компании, се дозволуваше на лица со наполнети 18 години да земаат вакви кредити и да ги задолжуваат своите родители, се крадеа лични карти, а се наплатуваат и високи казни.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Температури над 40 степени – Западна Европа гори под „топлотната купола“, расте бројот на смртни случаи

Дејан Дејан

Започна иденфикацијата на жртвите од земјотресот во Венецуела – бројот на загинати надмина 1.430 луѓе

Дејан Дејан

Возеле во спротивен правец на автопатот Гостивар-Тетово – двајца приведени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе