Вести Временска прогноза

Променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд – Временска прогноза за 19.9.2024

Променливо облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје променливо облачно, попладне со повремено пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 15°C, а максималната од 17 до 25°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

6 Попова Шапка, 8 Лазарополе, 10 Берово, Крушево, Маврови Анови, 12 Охрид, Претор, Битола, Прилеп, 13 Крива Паланка, Тетово, Дебар, 15 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Демир Капија, Виница, Струмица, Куманово, Велес, Кавадарци, 16 Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

16 Крушево, 14 Битола, Попова Шапка, 12 Тополчани, 11 Прилеп, 10 Претор, 9 Пожаране, Маврови Анови, 6 Охрид, Гевгелија, Дебар, 4 Тетово, Лазарополе, Демир Капија,Велес, Кавадарци, 3 Скопје-Зајчев Рид, 2 Скопје-Петровец, 1 Струмица.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 19, Преспанско Езеро 18, Дојранско Езеро 25.4

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе