Променливо облачно, во западните и северните делови со повремен локален дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, во јужните делови засилен ветер од западен-југозападен правец.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 18°C, а максималната од 19 до 26°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
9 Попова Шапка, 10 Берово, 11 Лазарополе, 12 13 Крива Паланка, 14 Крушево, 15 Прилеп, 16 Струмица, Претор, Тетово, Куманово, 17 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Дебар, Битола, Велес, 18 Виница, Кавадарци, 19 Штип, Демир Капија, Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
3 Маврови Анови, 2 Пожар, 1 Попова Шапка, Лазарополе, Пожаране, Гевгелија.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/