Вести Економија Македонија Најважни

Се крои есенската кошница – пиперката ајварка, млекото, шеќерот, брашното, овошјето ќе добијат пониски цени

Ќе поевтини пиперката ајварка, млекото, шеќерот, брашното, но и на други видови зеленчук и овошје кои најчесто се купуваат во овој период од годината. Откако граѓаните се соочија со нов бран поскапувања, падна одлука да се формира таканаречена есенска кошница во која ќе се најдат 100-тина производи кои ќе добијат намалување на цената, дополнително на она кое за нив се предвидува со Законот за нефер трговски практики.

Сè уште се анализира дали на овие 100-тина производи ќе им се ограничат маржите на 5, 10 или 15 отсто или, пак, ќе им се замрзнат цените. Во кошницата влегуваат основни прехранбени и земјоделски производи кои домаќинствата сега ги користат за да направат зимница.

Целосната листа ќе биде објавена во петок, а Министерството за економија и труд ќе ја предложи на владина седница идниот вторник. Министерот Дурмиши за Телма вели дека очекува на ваквата одлука да реагираат трговците.

„И покрај овие мерки тие пак ќе бидат со добивки нема да загубат ништо. Ги правиме тука пресметките и кога ќе имаме состанок со нив ги споредуваме со нивните анализи и пак имаат добивки. Знам дека ќе се жалат, но на крај нашата цел е да добијат и граѓаните, затоа и ја носиме оваа одлука од која тие нема да бидат оштетени“, изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши за Телма

Инаку, првично мерката ќе биде на сила најмалку еден месец. Дали ќе се продолжи дополнително ќе се одлучува. Освен есенска кошница, во следниот период се планира да има и божиќна, велигденска и рамазанска кошница, во која ќе се најдат производи со намалени цени кои граѓаните во тие денови, за време на празникот најмногу ги користат.

За неколку дена треба да стапи на сила и Законот за нефер трговски практики и листата со над 2.500 производи со ограничен рабат. За овој закон днеовиве во јавноста имаше најразлични реакции од бизнисот.

Дел се согласуваат со ова решение, дел сметаат дека треба законот да се доработи и одложи неговата примена. Во меѓувреме граѓаните секојдневно се соочуваат со нови повисоки цени во маркетите.

Според последните податоци на статистика, цените на зеленчукот за еден месец се зголемиле за 10 отсто, најмногу од сите производи.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Температури над 40 степени – Западна Европа гори под „топлотната купола“, расте бројот на смртни случаи

Дејан Дејан

Започна иденфикацијата на жртвите од земјотресот во Венецуела – бројот на загинати надмина 1.430 луѓе

Дејан Дејан

Возеле во спротивен правец на автопатот Гостивар-Тетово – двајца приведени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе