Вести Економија Најважни

Дали ќе се пере и чисти на евтино до 16 часот ќе се знае за помалку од една недела, но не се знае кога ќе сопрат набавките на струја

За помалку од една недела ќе се знае дали домаќинствата ќе добијат уште еден час плус дневна евтина тарифа.  Регулаторната комисија за енергетика ги прави последните анализи. Околу 15 ти септември ќе има појасна слика дали граѓаните наместо до 15 часот,  ќе можат да перат и да готват на евтина струја до 16 часот.

Првичните информации беа дека сериозно се разгледуваа оваа можност затоа што се намалува потрошувачката на струја бидејќи доста компании, но и домаќинства одлучија да постават фотоволтаици на своите кровови.

Во меѓувреме и новото раководство во ЕСМ продолжува да купува струја.  Се бараат над 4.400 мегават часови за период од 11 до 17 месецов. Претходно се купија 6.400 мегават часови. Количините се обезбедија од трговецот СОЛЕ 24 кои заработи  речиси еден милион евра.

Компанијата на ЕСМ и ја продаде струјата по цена  од 150 евра за мегават.

Според, последните податоци од енергетските кругови,  електричната енергија пак од  ЕСМ вклучувајќи ги и хидроцентралите чини од 80 до 90 евра, а на РЕК Битола се движи од   100 до 110 евра. Од ова може да се види дека во моментов електрани ги набавуваат потребните количини по цени далеку повисоки од домашните.

Но, ова не е единствената набавка која е направена изминатиот период. Претходно во август се потрошија над 2, 3 милиони евра за да се набават потребните количини.

Се обезбеди од неколку компании – бугарската РЕС Енерџи, Дуферко, Футуре Енерџи, албанската ЕТМТ Енерџи, но и од домашната ТЕТО која работи на отворен пазар.

Изминатиот период пак РЕК Битола имаше доста проблеми и неколку пати не беше во функција поради проблем со далновод на МЕПСО, а ЕСМ подолг период работи со потешкотии. Таму од скоро нов директор е Лазо Узунчов, кој дојде на местото на Васко Стефанов.

Па, останува да се види дали новото раководство ќе успее да се справи со проблемите со кои се соочува најголемиот производител на струја во земјава кој во минатото беше најпосакуваното место за работа.

Според, последниот извештај на МЕПСО  лани за набавка на струја се потрошиле околу 13 милиони евра.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Температури над 40 степени – Западна Европа гори под „топлотната купола“, расте бројот на смртни случаи

Дејан Дејан

Започна иденфикацијата на жртвите од земјотресот во Венецуела – бројот на загинати надмина 1.430 луѓе

Дејан Дејан

Возеле во спротивен правец на автопатот Гостивар-Тетово – двајца приведени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе