Променливо облачно и посвежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд (над 30л/м²), силен ветер и град.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно, со повремен пороен дожд и грмежи, повремено пообилни. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 20°C, а максималната од 23 до 27°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
12 Лазарополе, 13 Крива Паланка, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, 15 Тетово, Битола, Крушево, 16 Охрид, Претор, Прилеп, 17 Струмица, Дебар, 18 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Виница, Кавадарци, 19 Скопје-Петровец, Куманово, Велес, 21 Гевгелија, 22 Демир Капија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
1 Струмица.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
