Спорт Фудбал

Луис Суарез најави пензија – во петок го игра последниот натпревар за Уругвај

Луис Суарез објави дека се повлекува од уругвајската репрезентација. Напаѓачот во петок против Парагвај во рамки на квалификациите за Светското првенство во 2026 година ќе го одигра последниот натпревар во синиот дрес.

Суарез има 37 години, а дебитираше за националниот тим кога имаше само 19 години. Тој е најдобриот голгетер во историјата на Уругвај со 69 голови на 142 натпревари.

Моментално Суарез игра за Интер Мајами во МЛС-лигата, каде има 16 голови, а неговиот договор истекува по завршувањето на оваа сезона.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечно дерби за Купот: Вардар бара 17-ти трофеј, Е. Пелистер прв по 20 години

Дејан Дејан

Париз еруптираше во славје со трагични последици: Двајца мртви и над 500 уапсени лица (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Индијана го елиминираше Њујорк за второ историско финале во НБА (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе