Спорт Фудбал

Шпанија стои на патот на Англија, која чека голем трофеј уште од 1966 година

Вечерва од 21 часот на „Олимпискиот стадион“ во Берлин се игра финалето на Европското фудбалско првенство помеѓу Англија и Шпанија. Две репрезентации кои секогаш се при врвот на европскиот и светскиот фудбал, но „Гордиот албион“ веќе со децении чека да се израдува на голем трофеј. Во финале нема фаворити, но вечерва ќе се соочат репрезентацијата која најмногу импресионираше со стилот на игра и онаа која можеби најмногу разочара со настапите.

Шпанија и Англија имаа многу поразличен пат до големото финалето на Европското првенство во Германија. „Црвената фурија“ ги освои симпатиите на неутралните гледачи уште по настапите во групната фаза. Во најинтересната група ја декласираше Хрватска со 3-0, а минимално со по 1-0 ги победи Италија и Албанија во натпревари кои лесно можеа да завршат со далеку поголема разлика. Во осминафиналето ја победи Грузија со 4-1, а потоа следуваа и двете најголеми победи со по 2-1 против домаќинот Германија во четвртфиналето и Франција во полуфиналето.

Англија на спротивната страна не загуби ниту еднаш, но исто така ниту еднаш не импресионираше со играта. Во групната фаза, ја победи само Србија со 1-0, а ремизираше со Данска и Словенија. Во елиминациите едвај мина против Словачка со 2-1 во продолженијата, потоа на пенали ја исфрли Швајцарија, а во полуфиналето беше подобра од Холандија со 2-1 со гол во 91.минута на Оли Воткинс.

Шпанија е тимот кој е навикнат на големи натпревари, бидејќи веќе има три тиутули европски првак, последен пат во 2012, а вечерва атакува на четвртата круна. Интересно на претходните четири финииња, Шпанија загуби само еднаш и тоа во 1984 година од Франција со 2-0.

Англичаните чекаат на репрезентативно славје уште од 1966 година кога беа светски прваци, а најблизу до трофеј беа на Европското првенство пред три години кога во финалето на домашен терен на „Вембли“ загубија од Италија на пенали. Со играчи како Хери Кејн и младите феномени Џуд Белингам, Фил Фоден и Букајо Сака, „Гордиот Албион“ има квалитет да се соочи со секого и да победи било кој тим.

Избраниците на Герет Саутгејт сакаат да се искупат за пропуштената шанса, но вечерва пред себе имаат импресивна Шпанија, која е предводена од двајца маестрални играчи во средниот ред како Родри и Фабијан Руиз, но и младите Нико Вилијамс и Ламин Јамал, а не смее да се заборави ниту Дани Олмо.

Во меѓусебните дуели Англија има 13 победи, Шпанија 10, додека само четири натпревари завршиле нерешено.

Франсоа Летексие од Франција ќе биде главен судија на вечерашното финале, а интересно делегат на натпреварот ќе биде Македонецот Филип Поповски, поранешниот генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе