Вести Економија Македонија Топ вести

Стигаат нови милиони за општините, но од каде ќе се крати Мицкоски не открива

Од каде ќе се крати за да се стокмат 250 милиони евра кои новата Владата планира да им ги даде на  Општините, премиерот Мицкоски не откри. Кусо одговори дека од ребалансот на буџетот ќе се види од каде ќе се обезбедат средствата, но уверува и дека нема да бидат потрошени за плати и покривање на долгови туку за проекти, канализации, паркови игралишта.

-Многу скоро денеска ќе биде ребалансот на буџетот и таму многу јасно ќе видите каде, вели премиерот , Христијан Мицкоски

Градоначалниците веќе се повикани да ги подготват проектите и да аплицираат за парите. Познавачите немаат ништо против општините да добиваат пари, но велат средствата треба правилно да се распределат, а на помалите општини да им се помогне да ги подготват проектите за да можат и тие да се развиваат, а не само големите каде проблемите се помали.

-Пред да аплицираат општините треба да се види кои се тие општини дали имаат заостанати обврски дали се отчетни,  дали ги собираат своите приходи дали имаат капацитет да не се случи да ги земат средствата и да не може да ги реализираат проектот, вели за Телма Борче Треновски, универзитетски професор 

Интересно е што ова не е прв обид со пари од граѓаните и фирмите да се помагаат општините. Претходната Влада со 50 милиони евра од буџетот се обиде да ги ослободи од долгови кои со години ги таложеа. Но, од извештаите на финансии може да се види дека голем дел од општините се на листите со доспеани, а не платени долгови.

Познавачите неколку пати укажуваа на тоа дека кадар за работа во општините нема, нема ниту ревизори кои би провериле како работи градоначалникот. Дека во некои има и превработеност, но и за тоа дека најголем дел од општинскиот буџет се троши за плати.

Интересно е и тоа што токму некои од општините за време на енергетската криза наместо на отворен,  за да ги намалат трошоците со струја се снабдуваа на регулиран пазар од каде што ја добиваат домаќинствата.

Сега останува да се види дали градоначалниците ќе успеат да подготват добри проекти за да добијат парите или пак и овој пат милионите ќе се потрошат, а проблемите во општините ќе останат.

Ирена Чачкова

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ОЈО ги испитува причините за настанување на пожарот во Визбегово

Дејан Дејан

Блокада на влезот во Битола

Дејан Дејан

Полетаа од Солун да гаснат кај Дојран – два грчки канадера попладнево на помош против пожарот во Николиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе