Вести Економија Топ вести

Поскапува струјата, понудата на ЕСМ е за 5 отсто поскапо да ја продава својата струја на ЕВН ХОУМ

Поскапува струјата.  Според, неофицијални информации ЕСМ дале понуда нивната струја на универзалниот снабдувач да му ја продаваат за 5 отсто повеќе.  Односно од сегашните 57 евра цената за мегават час да се зголеми на 60 евра.

Но, какви ќе бидат сметките на граѓаните ќе се знае за неколку дена. На 20 месецот е аукцијата. А одлуката за новата цена ќе се донесе до крајот на јуни. Но ,досегашната пракса покажува дека на тендерот на  Универзалниот снабдувач никој досега не понудил пониска цена за струјата од онаа на државните електрани.

Извори за Телма брифираат дека ЕСМ најверојатно нема да покриваат 100 проценти од потребите на струја дома, туку помалку.  Според неофицијални информации на затворената владина седница  министерот Бектеши бил против ова, но дел од неговите колеги не дале согласност.

Инаку , каква ќе биде цената на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи  најмногу зависи токму од  тоа по која цена ЕСМ ќе ја продава својата струја на Универзалниот снабдувач. Па,  од тука се поставува прашањето, со поскапувањето на мегаватот од државните електрани, колку намалената профитна маржа на  ЕВН ХОУМ, би влијаела  на новата цена.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Амандманот не се прифаќа – повторуваше министерот за правда Филков и одби 50 предлози на опозицијата за судските закони

Дејан Дејан

Еуросупер БС-95 за три и пол денари, Еуросупер БС-98 за четири, дизелот за седум – поевтини цени на горивата од полноќ

Sasko Dimovski

Ќе одговара за убиство со умисла на Крит – поднесено обвинение против македонски државјанин во Грција

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе