Вести Економија Топ вести

Автопати, гасификација, маржи на производи накоро истекуваат роковите на мерките и проектите со кои треба да се зафати новата влада

Автопати, гасификација, производи со пониски маржи. Пред новата Влада се наоѓа  листа на работи кои треба да се решат. За некои роковите се одложуваа, за други пак наскоро истекуваат.

Цените беа тие кои им создадоа најмногу проблеми на граѓаните, изминативе месеци. Се носеа мерки, но проблемот не се реши, туку минимално се ублажи. Тие се се уште високи иако инфлацијата статистички паѓа. Па, така на крајот се одлучи да се креира листа на производи на кои треба да им се намалат маржите до 10 отсто. Законот за нефер трговски практики се донесе, но дали ќе остане листата со над 1.500 производи кои треба да добијат пониска маржа ќе решава идната Влада.

Тука се и автопатите. Освен оној деценискиот од Кичево до Охрид, остануваат и двата Коридорот 8 и 10 Д на Бехтел и Енка. Договорот се потпиша, околу 200 милиони евра од Транспорт се префрлија на ЈПДП, за да ги исплатат на сметката на конзорциумот. Одамна се најави дека градежните работи се започнати, но на терен не изгледа така.

Идниот мандатар Мицкоски пред извесно време рече дека за овој договор има две опции – или да се раскине или да се репрограмира. Останува да се види како идната Влада ќе го реши овој проект тежок најмалку 1, 3 милијарди евра.

Нафтоводот, проект за кој исто така идната Влада треба да ги засука ракавите. До крајот на годинава тој треба да биде пуштен во употреба.

Останува и гасификацијата – домаќинствата ја чекаат долги години, а тука е интерконекторот со Грција.

Освен овие проекти во Собрание останаа заглавени и неколку енергетски закони, и оние  за администрацијата.

Но, новото парламентарно мнозинство пред собранието подготвува  нов Закон за организација и работа на државната управа.  Со него се предвидува реорганизација на министерства односно нивно спојување, но и формирање на нови. Сепак, што ќе се случува со вработените и нивните плати останува неизвесно бидејќи овие работи се во претходните два закони за администрацијата кои од пред изборите се заглавени во законодавниот дом.

Во меѓувреме, предизборно партии излегоа со сериозни ветувања пред граѓаните, а ВМРО- ДПМНЕ пак која победи излезе со програма 1198, бројка која всушност покажува за колку проекти станува збор во нивната програма.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху за Палестинците во Газа – може да останат а може и да си одат

Дејан Дејан

Телма во Чучер Сандево: со пожарникарите и жителите ги бранат куќите и манастирите од пожарот

Дејан Дејан

Топлото време е подеднакво опасно и за младите и за повозрасните,

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе