Спорт Тенис

Де Минор против Дрејпер, Руне ќе се соочи со Руд во полуфиналето во Акапулко (ВИДЕО)

На тенискиот турнир во Акапулко од серијата 500 познати се полуфиналните двојки. 

Алекс де Минор конечно ја прекина серијата од 10 порази во меѓусебните дуели со Стефанос Циципас и за прв пат во кариерата го победи Гркот со 1-6, 6-3 и 6-3 во четвртфиналето во Акапулко. Австралиецот во полуфиналето ќе се соочи со Џек Дрејпер, кој пак во два сета со по 6-2 го победи Миомир Кецмановиќ.

Второто полуфинале ќе биде скандинавска пресметка помеѓу Холгер Руне и Каспер Руд. Руне во два сета во тај-брејк го скрши отпорот на Доминик Кепфер од Германија, па Данецот за следен ривал ќе го има Руд, кој пак го елиминираше Бен Шелтон со 6-7, 6-4 и 6-4. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе