Кошарка Спорт

Денвер подобар од Мајами, Лејкерс се помачија со очајниот Вашингтон (ВИДЕО)

Во реприза на ланското големо финале, Денвер и Мајами сезонава за прв пат ги одмерија силите, а победи домашниот тим со 103-97. Мајкл Портер јуниор со 30 поени и 11 скока ги предводеше Нагетс, додека Никола Јокиќ ја прекина низата од четири трипл-дабл натпревари по ред, па имаше 18 поени, 11 скока и 7 асистенции.

Лос Анџелес лејкерс му го нанесоа на Вашингтон 13-тиот пораз во низа со 134-131 по едно продолжение. Ентони Дејвис реализираше 40 поени и 15 скока, додека Леброн Џејмс имаше 31 поен и сега е на само девет поени да стане првиот кошаркар во историјата со 40.000 поени во кариерата.

Јанис Адетокумпо го предводеше Милвоки до победа од 111-99 против Шарлот со 24 поени и 11 скока. Голден Стејт славеше во „Медисон Сквер Гарден“ кај Њујорк со 110-99, а Феникс беше подобар од Хјустон со 110-105. Победи остварија и Орландо, Бруклин и Оклахома.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе