Кошарка Спорт

Дончиќ броеше до 50 против Феникс и надмина 10.000 поени во НБА (ВИДЕО)

Лука Дончиќ беше прва ѕвезда на божиќната програма во НБА-лигата. Бостон го доби класикот против Лос Анџелес лејкерс, а победи остварија и Њујорк, Денвер  и Мајами.

Феникс традиционално е еден од омилените противници на Лука Дончиќ, кој го предводеше Далас до победа од 128-114 на гостувањето во Аризона. Словенецот постигна 50 поени и ја надмина бројката од 10.000 поени на вкупно 358 натпревари во НБА-кариерата, а одличната игра ја надополни и со 15 асистенции. Главните ѕвезди на Санс не беа премногу расположени па Кевин Дурент и Девин Букер заедно искомбинираа 36 поени.

Во вечното дерби, Бостон славеше во Лос Анџелес против Лејкерс со 126-115. Сите петмина стартери на Селтикс имаа 18 или повеќе поени, а најмногу се истакна Кристапс Порцингис со 28 поени и 11 скока. Кај Лејкерс, Ентони Дејвис имаше 40 поени со 13 скока, а Леброн Џејмс застана на 16 поени.

Шампионот Денвер го совлада Голден Стејт со 120-114, Њујорк пред своите гледачи беше подобар од Милвоки со 129-122, а домашна победа оствари и Мајами  против Филаделфија  од 119-113.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе