Судскиот совет ќе расправа за барањето за разрешување на претседатлката на Врховниот суд Беса Адеми на последниот работен ден од оваа годината, дознава Телма. Според нашите извори тричлената комисија на известители во петок на 29 ти декември закажала расправа на која и лично Адеми ќе може да даде своја одбрана на наводите со кои се бара нејзино разрешување. Судскиот треба да се прпизнесе дали на оваа седница ќе присуствуваат медиумите и невладините со оглед на тоа што Адеми најави дека ќе бара јавност. Минатата недела на новинарско прашање за иницијативата за нејзино разрешување, Адеми кусо одговри дека ваквите постапки се од доверлив карактер, но дека таа би барала јавност со цел пошироката јавност да биде информирана. Член 61 од законот за судски пропишува дека постапката е од доверлив карактер и се води без присуство на јавност но по барање на судијаа советот ќе одлучи постапката да биде јавна
И од судски совет ни го посочија овој член и кусо ни одговорија – Доколку има такво барање, Судски совет ќе одлучли и ќе бидат споделени информации во јавноста
Односите меѓу судски совет и претседателката на највисокиот суд ескалираа по нејзиното интервју во кое говореше за политички притисоци врз судиите и како еден од начините за влијание ја спомена секогаш присутната закана дека може да бидат разрешени. Судски по ова ја повика на средба на кој таа не се појави и им одговори да ги решат прво проблемите во своите редови . Периодов Адеми беше и мета на напади преку портали за кои Телма пишуваше дека стојат луѓе блиски до ДУИ.
Постапката за Адеми според нашите информации е во втора фаза кога треба да се расправа по иницијативата. Се изведуваат докази поднесени од подноситлеот, во случајов член на судски совет. Судијата добива покана да присуствув и има право усно на записник или писмено во рок од три дена да се произнесе по сите докази изведени на расправата стои во членот 66 од законот за судкси совет
Комисијата во рок од 15 дена од денот на завршувањето на расправата поднесува Извештај за констатираната состојба до Советот. И ова е послетната трета фаза од постпаката пред судски во која членовите може да одлучат дека нема одговорност или да го разршеи судијата со најмалку 8 гласови .
Судскиот совет е во фокусот на јаваноста од мината година кога екс претседатлеката Црвенковска си поднесе оставка поради хајки од судско бизнис елита а нејзината наследничка Дамева беше разрешена во контраверзна процедура. Превирањата во Судски се најдоа и во фокусот на извештајот на ЕК во делот правосудство а Оценската мисија на ЕУ даде 40 препораки за подобрување на состојбите во ова судско тело.
Елена Иванова Мукоска
