Наутро со услови за појава на магла во котлините. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -2 до 7°C, а максималната од 8 до 16°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-4 Попова Шапка, -3 Крива Паланка, Лазарополе, -1 Битола, Прилеп, Струмица, Берово, Маврови Анови, 0 Тетово, Куманово, Штип, 1 Дебар, Крушево, 2 Охрид Претор, Виница, Гевгелија, Скопје – Петровец, 3 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, 4 Велес, Кавадарци, 5 Дојран.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во cм)
27 Попова Шапка, 9 Ѓуриште, 5 Пожаране.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)
Охридско Езеро 12.0, Преспанско Езеро 6.0, Дојранско Езеро 7.8
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
