Во најголемиот дел од земјата ќе преовладува променливо облачно време,во претпладневните часови со слаб локален дожд. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде во интервал о д 3 до 10, а дневната од 8 до 13 степени.
Во Скопје променливо облачно со слаба магла и со слаб до умерен северен ветер.
Информации од ова утро: 22.11.2023
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
3 Попова Шапка, 4 Скопје-Петровец, 5 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Прилеп, 6 Крива Паланка, Струмица, Берово, Велес, Маврови Анови, Лазарополе, Крушево, 7 Битола, Охрид, Куманово, Кавадарци, 9 Претор, Виница, 10 Гевгелија, 12 Дебар, Штип, 13 Демир Капија.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo
