Променливо облачно, наутро по одделни котлини со услови за појава на магла и ниска облачност. Кон крајот на денот најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено изразен долж Повардарието.
Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 5°C, а максималната од 11 до 16°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-5 Берово, -2 Скопје – Петровец, Тетово, Битола, Демир Капија, Струмица, Лазарополе, -1 Куманово, Прилеп, Охрид, Штип, Велес, 0 Скопје – Зајчев Рид, Претор, Крива Паланка, Кавадарци, 3 Попова Шапка, 1 Маврови Анови, Крушево, Виница, 2 Гевгелија, 6 Дојран.
Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)
Охридско Езеро 14.0, Преспанско Езеро 14.0, Дојранско Езеро 17.8
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
