Спорт Формула 1

Ферари доминантнно во квалификациите во Лас Вегас: Пол-позицијата ја освои Леклер

Шарл Леклер ќе стартува од пол-позицијата за првото историско гран при на Лас Вегас во рамки на Формула 1 шампионатот.

Ферари имаа одлични времиња во текот на тренинзите, а брзинаа ја потврдија двајцата возачи за време на утринските квалификации низ улиците на најкоцкарскиот град во светот. Леклер оствари време од 1:32,726 минути, додека неговиот тимски колега Сајнц беше побавен за половина десетинка.

Сајнц сепак утре ќе стартува десет позиции подолу поради казна што ја доби за промена на моторот по несреќата на петочните тренинзи. Трето најдобро време имаше шампионот Макс Ферстапен од Ред Бул. Зад него ќе тргне Џорџ Расел, петто време имаше Пјер Гасли, а најдобрите десетмина ги комплетираат Александер Албон, Логан Сарџент, Валтери Ботас, Кевин Магнусен и Фернандо Алонсо.

Трката за Големата награда на Лас Вегас стартува утре во 7 часот наутро.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе