Вести Временска прогноза

Променливо облачно со сонце – Временска прогноза за 28.10.2023

Наутро променливо облачно, во текот на денот сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 7 до 15°C, а максималната од 21 до 28°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

7 Попова Шапка, 8 Берово, 10 Битола, Лазарополе, 11 Скопје-Петровец, Крушево, Крива Паланка, Струмица, Прилеп, 12 Маврови Анови, Кавадарци, 13 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Тетово, Штип, Гевгелија, 14 Претор, Виница, Куманово, Демир Капија Велес, Дојран.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

6 Кавадарци, Пожар.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)

Охридско Езеро 17.5, Преспанско Езеро 16.5, Дојранско Езеро 18.2

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе