Во претпладневните часови ќе преовладува топло време со подолги сончеви периоди , попладне облачноста од запад ќе се зголемува. Ќе дува умерен, на повеќе места засилен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта ќе има преодно дестабилизирање со локален прооен дожд. Утринската температура ќе биде во интервал од 8 до 17 степени, а дневната од 24 до 29.
Во Скопје претпладне сончево со мала облачност, попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
5 Берово, 7 Крива Паланка, Лазарополе, Битола, 9 Тетово, Попова Шапка, Маврови Анови, Охрид, Прилеп, 10 Претор, Струмица, Кавадарци, Крушево, 11 Скопје-Петровец, Дебар, Виница, Штип, 12 Скопје – Зајчев Рид, 13 Куманово, Велес, 14 Дојран, 15 Демир Капија, 17 Гевгелија.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo
