Вести Економија Топ вести

Битиќи преку „скромноста“ на своето палто се израмнуваше со четвртина од населението кое живее во сиромаштија

Една четвртина во државава на преживување. Над половина милион граѓани до крајот на годинава се очекува да  бидат сиромашни,  дневно со по 200 денари во џебот, покажува најновата студија. Ова е резулатот од глобалната криза и растот на инфлацијата. За да се скроти сиромаштијата  според експертите освен постоечките потреби се и нови мерки, затоа што состојбата е алармантна.

И од ССМ потврдуваат дека податоците се загрижувачки. Голема бројка на граѓани освен за храна и режиски трошоци немаат пари за ништо друго.

Истражувањата покажуваат дека за да се преживее, луѓето мора да работат на три места. Не одат ниту на одмор, а некои се откажале и од облеката.

Вицепремиерот  Битиќи ги слушна бројките од анализите и се обиде да ги увери граѓаните дека и тој скромно се облекува и не троши на брендирана облека.

Од Организацијата на работдавачи пак се надеваат дека сиромаштијата ќе почне да се намалува, а состојбата да се подобрува.

Во изминатиот период цените значително пораснаа. За да се ублажи ценовниот шок, Владата одлучи да ги замрзне цените, но од друга страна го зголеми ДДВ- то за околу 1.000 производи. А ќе поскапат и 1.500 витамини и суплементи кои се користат во исхрнатата, но и цигарите. И покрај тоа властите  не очекуваат нов скок на инфлацијата, напротив сметаат дека до крајот на годинава ќе падне до 5 отсто, иако од ММФ очекуваат да биде 10 проценти.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Ирак: Осум турски војници починаа од труење со метан гас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе