Утрото свежо, преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од пладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за слаб локален дожд претежно во западните делови од земјата.
Во Скопје сончево со мала локална облачност поголема попладне и со слаб северен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 15°C, а максимумот од 24 до 31°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
2 Берово, 4 Лазарополе, 5 Битола, 6 Скопје-Петровец, Тетово, Струмица, Крива Паланка, Маврови Анови, 7 Демир Капија, 8 Куманово, Велес, Прилеп, Претор, 9 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Охрид, Кавадарци, Гевгелија, Крушево, 10 Виница, 12 Дојран.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 19.0, Преспанско Езеро 18.5, Дојранско Езеро 23.8
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
