Вести Економија Најважни

Бектеши: Ги намалуваме увозните давачки до декември

Владата на седница одлучи да ги намали царинските давачки за овошје и зеленчук од 65 на 10 отсто, но тука не е опфатен увозот на краставици, домати и пиперки, информира министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој нагласи дека добро е што има зголемен извоз на земјоделски производи, но не на сметка на домашниот пазар. Министерот смета дека нашите трговци претпочитаат да продаваат надвор од Македонија, а тоа му наштетува на домашниот пазар со оглед на тоа што државата е приморана да увезува за што во крајната цена влегува и царината.

Ваквата одлука следува по најавите од eкономија дека ќе се намалат давачките за увоз за да се создаде конкуренција во корист на купувачите. Анализите покажале дека цената кај земјоделците не е скокната, а препродавачите откупувале по багателни цени и ги хранеле пазарите од регионот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе