Вести Економија

Комерцијална банка и Стопанска банка Битола најавија можно присоединување

Комерцијална Банка, која воедно е и најголемата банка во земјава извести дека ја разгледува можноста за присоединување на Стопанска банка Битола, пишува Фактор, а информацијата ја потврдиле и од Стопанска банка Битола.

Двете информации се објавени до инвеститорската јавност преку Македонската берза.

„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација:

Стопанска банка АД Битола ја известува јавноста дека се разгледува можноста за присоединување на Стопанска банка АД Битола кон Комерцијална банка АД Скопје, поради што ќе биде остварен контакт со раководството на Комерцијална банка АД Скопје за првична размена на информации.

Во оваа рана фаза постапката не претставува намера за присоединување и во ниту еден аспект нема обврзувачки карактер, освен да го изрази првичниот интерес во рамки на претходна постапка да се стекнат информации, врз основа на кои би се дефинирала евентуална намера за присоединување во иднина. Вистинската длабинска анализа ќе биде спроведена после усвојувањето на завршните сметки за 2023 година на двете банки на нивните Собранија во 2024 година.

Слична информација до берзата пушти и Комерцијална банка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Втора победа на Ѓорческа во квалификациите за Вимблдон, ја дели уште една до главниот турнир

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе