Спорт Фудбал

Ферстапен убедлив во Јапонија: Титулата може да ја освои на следната трка во Катар

Макс Ферстапен им се врати на победите во Формула 1 по пауза од еден викенд, па утринава дојде до триумф на трката за Големата награда на Јапонија. Ред Бул и математички ја обезбеди титулата кај конструкторите.

Ферстапен ја имаше пол-позицијата на патеката „Сузука“ и освен заканата на двата Мекларени на стартот, потоа Холанѓанецот имаше удобна и убедлива трка без посериозни проблеми. До 13-тиот триумф сезонава дојде пред двајцата возачи на Мекларен, Ландо Норис и дебитантот Оскар Пиастри, кој за прв пат се искачи на подиумот.

Шарл Леклер од Ферари беше четврти, а зад него финишираше Луис Хамилтон. Потоа следуваат Карлос Сајнц, Џорџ Расел, Фернандо Алонсо и најдобрите десетмина ги комплетираат двајцата возачи на Рено, Естенам Окон и Пјер Гасли.

Во генералниот пласман Ферстапен има 400 бодови на врвот, додека неговиот тимски колега Перез има 223, а Хамилтон е трет со 190. Следната трка се вози во Катар на 8.октомври, а интересно Холанѓанецот може да дојде до шампионската титула што би била трета по ред за него во Формула 1 шампионатот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трипл-дабл на Дончиќ: Далас е во финалето на Западната конференција (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Усик е неприкосноен светски шампион во бокс по победата против Фјури (ВИДЕО)

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Шкендија со победа го потврди второто место во првенството

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе