Вести Економија Најважни

Бектеши го објави списокот на производи кои ќе поевтинат- Ако му дозволува агендата и самиот ќе прави проверки по маркетите

Неколку видови леб, бисквити, наполитанки, јогурт, јајца, млеко, тестенини, овошје, зеленчук, сирење, дел од месните производи, веќе од утре се очекува во маркетите да се продаваат по цени за околу 10 отсто пониски од оние кои биле на први август. Министерот Бектеши ја објави листата на производи кои се опфатени со владината одлука за замрзнување. Сите тие продукти треба да бидат со ознака гарантирана цена. Бектеши е оптимист дека и други производители и увозници кои не се дел од мерката, самоиницијативно ќе ги намалат цените.

  • Имав состанок и со сите поризводители на сокови минерална вода и чекаме до крајот на денот и нивните предлози и во текот на оваа или почетокт на следната недела ќе има и за таму одлука. Правиме анализи секаде каде има 40 и 50 % маржи, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

Од овие производи во маркетите треба да има околу 70 отсто од количните кои биле во месец август. Бектеши очекува дека производителите и трговците ќе бидат координирани, затоа што оној кој нема да ги почитува мерките ќе биде затворен. Оптимист е дека одлуките ќе се почитуваат. Но, најверојатно и тој заедно со своите колеги ќе направи проверка по маркетите ,како што тоа се случуваше претходно, кога беа донесени слични вакви мерки.

  • Тоа е интерна работа на различни сектори во економија, ако има простор во агендата зошто да не правиме проверки, додава Бектеши.

Акциите на приоизводите треба да бидат со пониски цени од замрзнатите, а ако на овој начин се продаваат оние чиј рок наскоро истекува ,тогаш тоа треба да биде јасно наведено.

Бектеши е оптимист дека со ваквите мерки, инфлацијата до крајот на годинава  ќе падне  4 до 5 отсто , како што ветил.  Во Собранието пак конечно се изгласаа законите за даноците, со кој се намалува ДДВ -то од 18 на 5 отсто за менструалните производи.

Во теко на летото цените се вивнаа до плафон, а властите дури сега одлучија да носат мерки. За синдикатите, тие се задоцнати и сметаат  дека требало да се воведат веднаш кога завршиле претходните.

Ирена Чачкова

Објавена листата од 25 прехранбени производи кои ќе поефтинат за 10%

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу: Кочани ни е во фокусот, ќе имаме средби и со директорката на Општата болница и со повредените лица

Дејан Дејан

Илјада жители од радовишките села Бучим и Тополница без вода за пиење

Дејан Дејан

АЛИУ: Чекалните во Онкологија се под секое достоинство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе