Вести Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи – Временска прогноза за 17.9.2023

Променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 16°C, а максимумот од 24 до 31°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

10 Лазарополе, 11 Маврови Анови, Попова Шапка, 12 Битола, Берово, 13 Охрид, Претор, 14 Тетово, Прилеп, Крушево, 15 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Струмица, 16 Демир Капија, Гевгелија, 17 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Виница, Велес, 18 Дојран.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

8 Виница, 2 Крива Паланка, 1 Пожаране.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 21.0, Преспанско Езеро 19.5, Дојранско Езеро 24.0

 Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе