Вести Македонија

Условна казна од две години за Игор Јанушев за набавката на кинеските двокатни автобуси, но според измените на Кривичниот закон делото е застарено

Условна казна од две години за Игор Јанушев актуелен пратеник на ВМРО – ДПМНЕ за набавката на кинеските двокатни автобуси, кој во 2010 беше на чело на ЈСП Скопје.

На денешното судско рочиште на кое беше објавена неправосилната пресуда не присуствуваше ниту тој, ниту неговиот адвокат, ниту обвинителката, па судијата Осман Шабани ја соопшти казната пред празна судница.

Предметот познат како „Дизајн“ го отвори СЈО, вкупниот договор за купување на двокатните автобуси од кинески „Јутонг“ изнесувал околу 35 милиони евра.

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и две други обвинети на судско рочиште минатата година признаа вина во случајот „Дизајн“ за набавката на кинеските двокатни автобуси за ЈСП и веднаш добија пресуда.

Обвинителен акт против четири лица за набавка на двокатните автобуси

Јанушев пак, како обвинет на едно од предходните рочишта рече дека не го разбира обвинението и дека се чувствува невин.

Според вчера изгласаните измени во Собранието на Кривичниот закон делото злоупотреба на службената положба застарува да 10 години, а според обвинението за случајот „Дизајн“ делата се сторени 2010 година.

Предмет на интерес на обвинителството во овој случај беа тендерите во периодот 2008-2010 година.

Кинеските двокатни автобуси „се паркираа“ во ново обвинение против Миле Јанакиески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ССМ: Синдикалната кошница во јуни 68.654 денари

Дејан Дејан

Десетдневен прекин на дел од железничкиот сообраќај кон Велес, Битола и Гевгелија

Дејан Дејан

Размена на оган во јужен Либан и покрај примирјето меѓу Израел и Хезболах

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе