Вести Временска прогноза

Постепено стабилизирање со пораст на дневната температура – Временска прогноза за 8.9.2023

Следува стабилен и потопол период. Утре сѐ уште наместа со облачност, а на југ со услови за слаб дожд. Но, во поголем дел од Македонија ќе биде стабилно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. UV=6

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 19°C, а максимумот од 25 до 31°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

10 Попова Шапка, 13 Крушево, Лазарополе, Маврови Анови, 14 Берово, 16 Битола, Крива Паланка, Претор, 17 Прилеп, 18 Скопје-Петровец, Тетово, Виница, Демир Капија, Охрид, Струмица, Куманово, 19 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, 20 Велес, Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

4 Попова Шапка, 3 Битола, 2 Крушево, 1 Тетово, Куманово, Пожаране, Ѓуриште, Тополчани.
Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 21.0, Преспанско Езеро 20.0, Дојранско Езеро 25.6

 Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со попладневна локална нестабилност – Временска прогноза за 9.6.2025

Дејан Дејан

Потрошена последната тронка надеж и доверба – порачаа родителите на загинатите на протестот во Кочани

Дејан Дејан

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја продолжат војната, игнорирајќи ги сите мировни предлози

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе