Вести Свет Топ вести

Борел: Русија мора да престане да ја користи храната како оружје

Речиси една година откако беше потпишана во Истанбул, Русија одлучи да не ја обнови Црноморската иницијатива за жито која ѝ дозволува на Украина да извезува земјоделски стоки на глобалните пазари.

Пред руската агресивна војна против Украина, клучен глобален снабдувач со храна, една петтина од светскиот јачмен доаѓаше од Украина, како и една шестина од пченката и една осмина од пченицата.

Откако Русија изврши инвазија на Украина, напаѓајќи полиња со жито и силоси и блокирајќи ги украинските пристаништа, глобалните цени на храната се искачија на рекордно ниво и го загрозија многу потребното снабдување со храна за многу земји увозници.

Договорот имаше за цел повторно да воспостави витална рута за извоз на земјоделски производи од Украина и да ги намали глобалните цени на храната.

И покрај многуте предизвици, ја постигна својата клучна цел.

Од август 2022 година, извозот на речиси 33 милиони тони жито и храна од Украина во 45 различни земји одигра клучна улога во намалувањето на глобалните цени на храната за околу 25 отсто од рекордната висина достигната набрзо по нападот од Русија.

Како што покажуваат јавните трговски податоци, повеќе од половина од житото, вклучително и две третини од пченицата, отишле во земјите во развој.

Додека светот се справува со прекини во снабдувањето и со повисоки цени, Русија сега им се приближува на ранливите земји, особено во Африка, со билатерални понуди за ограничени испораки на жито, преправајќи се дека решава проблем што самата го создала. Ова е цинична политика на намерно користење на храната како оружје, напиша високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Фордо“ во Иран е 90 метри под планина, масивните бомби на САД продираат до 60 метри во подземни мети – стручњаци сметаат дека напад на локацијата во Иран би можел да биде фијаско

Дејан Дејан

Стотици Израелци преноќуваат во подземни железници

Дејан Дејан

Сончево со умерена локална облачност и ветровито – Временска прогноза за 21.6.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе