Вести Македонија Топ вести

ГАК не обезбедиле психијатар за родилката која се обиде да се самоубие – иако претходно се пожалила на вознемиреност

Здравствениот инспекторат ќе бара одговорност од Кликиката за гинекологија затоа што не побарале психијатар да ја прегледа родилката, која во неделата вечерта скокна од прозор на клиниката.

Инпекторатот констатирал пропуст во делот на реализирање на конзилијарните прегледи побарани во два наврати за родилката, со оглед на тоа што истите не се реализирани.

По вонредниот надзор на клиниката за гинекологија, инспекторатот со решение ќе наложи на одговорните лица на клиниката да спроведат постапка за утврдување на  одговорност од страна на здравствените работници кои до крај не ја спровеле постапката за обезбедување на доктор, специјалист по психијатрија.

Родилка на 39 години во неделата вечерта скокна од прозор, а претходно два пати по породувањето се пожалила на вознемиреност…

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски најави поевтинување на горивата од понеделник

Дејан Дејан

Мицкоски: До 1 јули во Собранието ќе биде доставен предлогот за нов владин кабинет

Дејан Дејан

Еден загинат и повеќе повредени во руски напад врз Харков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе