Вести Македонија

Внукот на Али Ахмети, Бесиан ја почнал дипломатската кариера во време на ВМРО-ДПМНЕ

Внукот на Али Ахмети, Бесиан ја почнал дипломатската кариера во време на ВМРО-ДПМНЕ, финансиските истражители почнаа проверки за купувањето на Соравиа од вториот внук Дрин. Кредитот не минал низ македонските банки.

Кредитот од 6 милиони евра како дел од зделката за купување на Соравиа центарот досега не минал низ македонските банки и нема никакво сомнително известување за таква трансакција, потврдија за Телма од Финансиско разузнавање. За зделката за Соравиа во која учествува внукот на Али Ахмети, Дрин, почнати се финансиски проверки. Вториот внук на лидерот на ДУИ, Бесиан гради дипломатска кариера во Брисел, а како економски промотор за првпат е избран од владата водена од Емил Димитриев.

Првата дипломатска мисија како економски промотор, Бесиан Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, ја добил од владата на ВМРО-ДПМНЕ на крајот на 2016-та година. Тоа стои и на неговиот линкдин профил, но не може да се најде како документ од седница на влада бидејќи во тоа време владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го прогласуваа дневниот ред на владини седници за класифицирана информација за интерна употреба.

Откако ДУИ го смени партнерот во владеачката коалиција, Бесиан Ахмети повторно во мај доби дипломатска функција но во амбасадата во Брисел како прв секретар кој треба да се грижи за привлекување на инвестиции од земјите на Бенелукс (Белгија, Холандија и Луксембург).

Пред да почне со дипломатскиот пробив во коалициски влади со неговиот чичко Али Ахмети, Бесиан заедно со братот, вториот внук (Дрин) на лидерот на ДУИ, Али Ахмети бил директор и сопственик во Еверест ЏД.

Оваа фирма има концесија за минерални суровини во Букојчани и лиценца за мала хидроцентрала во Кичевско.

Дрин Ахмети кој сега со 0 евра инвестиција стана сопственик на 39 % од Соравија центарот на прес конфернецијата рече дека неговиот брат Бесиан Ахмети одлучил да ја напушти Еверест на крајот на 2016-та, но не спомена дека станал економски промотор испратен во дипломатска мисија од тогашниот премиер Емил Димитриев и тогашните министри за економија и надворешни работи Дритон Кучи и Никола Попоски.

-Таа (Еверест) беше префрлена од мојот брат на мене. Тој (Бесиан) не сакаше таков начин на живот и да ја води компанијата па ја префрли на мене во 2017-та. Оттогаш, од 2017-та па досега, таа е профитабилна и плаќа данок во УЈП секоја година. Можете да проверите, рече Дрин Ахмети. 

Финансиските истражители почнаа проверки за купувањето на Соравиа, кредитот не минал низ македонските банки

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски: Ќе има одговорност за трагедијата во „Пулс“ – поднесени кривични пријави против функционери

Дејан Дејан

Во смртоносни поплави во Тексас загинаа 24 лица во летен камп – се трага по 20 деца

Дејан Дејан

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе