Вести Македонија Најважни

Телма од Вашингтон: Петровска и Лојд ставија потпис на Договорот за идната соработка на САД и Македонија во одбраната за следните 10 години

Министерката за одбрана Славјанка Петровска имаше средба со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

Денешната средба со секретарот Лојд беше искористена да се потпише договор, односно Патоказ за идната соработка на САД и Македонија во делот на одбраната, со патоказот е опфатена продлабочување на соработката при обука и вежби на воените единици, модернизирање на армијата, како и финансиски инструменти за помош на македонската одбрана и армија.

Само минатата година, одбраната добила над 130 милиони долари финансиска поддршка од САД.

Меѓу другите теми секако била и поддршката за европската интеграција не само на нашата држава туку и на целиот западен Балкан.

САД се поддржувачи на овој процес особено во новите околности предизвикани со руската агресија на Украина.

И Украина односно македонската помош за Киев била тема на разговорите со Остин.

Министерката во интервју за Телма посочи дека на ниво на НАТО веќе се планираат и спроведуваат активности за развој на воената индустрија во земјите членки.

Меѓу другото во рамките на американската турнеја на Петровска имала средба со компанија која е заинтересирана за инвестиција во воената индустрија во Македонија.

Министерката Петровска денеска ја завршува официјалната посета на САД, а целото интервју ќе биде објавено во информативната програма на Телма.

Миомир Серафиновиќ од Вашингтон се јави во Вестите на Телма

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе